Судијата го предупреди Кирјос, а потоа на теренот се создаде – вистинска комедија (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Контроверзниот тенисер Ник Кирјос постојано прави проблеми на теренот, но на неговиот последне меч се создаде вистинска комедија.

Кирјос во второто коло на Австралијан опен го победи Жил Симон со 3-1 во сетови, а во текот на вториот сет направи комедија на теренот.

Судијата на мечот го предупреди за времето кое го троши при подготовка за сервис, а Кирјос се налути поради тоа, па реши да имитира негов противник.

Поточно реши да го имитира Рафаел Надал и неговиот начин на подготовка за сервис, која трае навистина долго, а ниту судијата не можеше да ја задржи насмевката по реакцијата на Кирјос.