Карачиќ не се предава: Во полуфинале ќе играм ако треба и со една нога!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватската ракометна репрезентација во последниот меч од втората фаза на Европското првенство (ЕП) одигра реми против Шпанија.

На мечот се повреди Игор Карачиќ, кој доби незгоден удар во коленото, по што се загрижија навивачите на Хрватска за неговото здравје.

Посебно затоа што е повреден и Лука Циндриќ, кој воопшто не играше против Шпанија, а Хрватите во полуфинале ги чека тежок дуел против Норвешка.

Сепак, Карачиќ синоќа во една изјава кажа дека ќе настапи во полуфиналето, па дури ако мора тоа да го направи и само со една нога.

„Не постои можност да го пропуштам полуфиналето. Ако треба, ќе играм и со една нога. Не грижете се“, кажа Карачиќ.