Реал Мадрид се засили од Малага: Зидан добива талентиран напаѓач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид договори трансфер на младиот напаѓач на Малага, Хуго Валјехо. Двете страни го договорија трансферот, а 19-годишниот фудбалер се очекува да потпише договор до 2023 година.

Сепак, талентираниот фудбалер нема веднаш да го облече дресот на Реал Мадрид, туку следните шест месеци ќе ги помине на позајмица во Депортиво, по што на лето ќе се приклучи на новиот тим.

Валјехо важи за талентиран напаѓач. Тој е само уште еден во серијата млади фудбалери, кои Реал ги купи и јасно е дека во иднина ќе има млад и талентиран состав.

Од младиот напаѓач се очекувада изгради многу добра кариера, но останува да видиме дали ќе ги исполни очекувањата на шпанската јавност.