Милан продава четири „истрошени“ фудбалери и носи три нови засилувања


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан се обидува да го засили тимот во преодниот рок, а управата има многу идеи, но малку пари. Постои опција клубот да го преземе и најбогатиот човек во светот, Французинот Арно, но преговорите не се во завршна фаза.

Се поставува прашањето каков е планот на Леонардо и на Звонимир Бобан, кои очигледно нешто ќе смислат за да го подобрат клубот и резултатите.

Тие планираат најпрво да ја решат ситуацијата со Сусо,кој е незадоволен и кај тренерот Стефано Пиоли ја загуби позицијата. Шпанецот е желба на некои клубови од Прмеиерлигата, но тешко дека некој ќе плати 25 милиони евра за него.

Исто така тие планираат да го продадат Криштоф Пјонтек, кој е желба на Тотенхем, Манчестер јунајтед и Севилја, но медиумите пишуваат дека нема конкретни понуди.

И на крајот од екипата треба да замине Хакан Чаланоглу, кој би можел да биде продаден во Тотенхем за 17 милиони евра.

„Росонерите“ по продажбата на фудбалерите, ќе се засилуваат, па веќе на листата на желби се неколку имиња меѓу кои Јанузај, младиот Флорентино Луис и искусниот Габи.