Раководството на Јунајтед одржа состанок и донесе одлука за иднината на Солскјер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Манчестер јунајтед, по поразот од Барнли со 0-2, му даде целосна поддршка на тренерот Оле Гунар Солскјер.

Иако под водство на Норвежанецот не играат најдобро „ѓаволите“, сепак тој ја има довербата на управата на клубот.

„Скај Спортс“ објави дека бил одржан состанок во клубот, па таму се зборувало за иднината на Солскјер, кој на крајот добил поддршка.

Јунајтед во моментов е петтопласиран во Премиерлигата со четири бодови. Меѓутоа, од 14. Позиција каде што се наоѓа Њукасл ги делат само четири бодови, па евентуални киксови во следните натпревари би го турнале клубот кон дното.

Незадоволството на навивачите е огромно, па тие постојано протестираат против раководството, а синоќа го напуштија стадионот пред крајот на дуелот против Барнли.