Македонија има светла иднина – Северна Ирска клекна на колена пред младите надежи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската репрезентација до 21 година запиша уште една победа во групната фаза за пласман на ЕП.

Во денешниот натпревар беше совлада репрезентацијата на Северна Ирска која е последна во групата со 2:0.

Прво во 37-ма минута по центаршутот на Аврамовски, дефанзивецот на Северна Ирска, Дохерти постигна автогол кој му донесе водство на македонските фудбалери. До полувреме немаше промена на резултатот. Второто полувреме ни донесе уште еден погодок, повторно во мрежата на Северна Ирска. Маркоски погоди за конечни 2:0 во 85-та минута.

Последниот натпревар во групната фаза, репрезентацијата на Македонија до 21 година го игра на 8-ми октомври против репрезентацијата на Шкотска која пред четири дена ја совладаа на гости минимално со 0:1.