И Јирген Клоп го пофали Адама Траоре


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул синоќа ја продолжи својата низа на победи. Имено, во рамките на 24. коло на Премиер лигата Ливерпул на Молино со 1:2 ги совлада Вулверхемптон.

Гостите во осма минута поведоа преку Хендерсон, но Вулвси во 51. изедначија. Адама Траоре запиша нова асистенција, а Хименез погоди за 1:1.

Сепак, Ливерпул благодарение на Фирмино во 84. минута дојде до нова предност и со тоа ги освои трите бода од тешкото гостување.

По натпреварот, Јирген Клоп издвои неколку моменти за коментирање на фантастичниот крилен играч на Вулвси Адама Траоре.

“Против Траоре во моментов не е возможно да играш. Тој не е само крило туку знае да ја задржи топката и да намести голови. Тоа ја прави работата многу потешка”, изјавил Клоп, па додал:

“Секоја загубена топка е 100% контра за нив. Среќа, па синоќа немаа многу шанси, но голот кој го постигнаа е фантастичен”.