Пакета не е во тимот на Милан, но причината не е повреда, туку трансфер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот играч од средниот ред, Лукас Пакета, наводно, побарал од клубот да не биде во протокол за вечерашното гостување на Бреша.

Причината лежи во фактот дека Пакета решил да се пресели во редовите на ПСЖ. Тој едвај игра откако тренерот на „Росонерите“ Стефано Пиоли ја смени својата формација во 4-4-2, а на Бразилецот му се допадна што го бара францускиот шампион во кој го играат неговите сонародници Нејмар, Маркињос и Тијаго Силва.

Интересот на ПСЖ се споменува со месеци, бидејќи сегашниот директор на ПСЖ, Леонардо е човекот кој го донесе Пакета во Италија пред една година за 35 милиони евра.

Тој е отсутен од тимот кој вечерва и гостува на Бреша и сега медиумите во Италија тврдат дека не станува збор за повреда, туку дека играчот планира да се пресели во ПСЖ.

Сепак, Рикардо Родригез е во тимот, што е изненадувачки, бидејќи Швајцарецот беше на прагот да се пресели во Фенербахче.