Ливерпул стана петтиот англиски клуб кој е непоразен на 40+ последователни натпревари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Црвените славеа со 2:1 со Вулверхемптон во вчера, достигнувајќи бројка од 40 натпревари без пораз во Премиер лигата.

Ливерпул оствари 35 победи со пет реми во изминатите 40 натпревари, со што стана петтиот англиски тим кој врзува 40 или повеќе натпревари во лигата без пораз.

Нотингем Форест имал серија од 42 натпревари без пораз во сезоната 1977/78, Арсенал имал 49 натпревари во сезоната 2003/04, Челси 40 натпревари во сезоната 2004/05 и пред Ливерпул Хадерсфилд Таун во сезоната 2010/11 имал 43 натпревар без пораз.

Рекордот на Арсенал од 49 натпревари без пораз се чини недостижен, но Ливерпул се доближува до него. Следниот натпревар овој тим го игра за пет дена против Вест Хем и има можност да ја продолжи импресивната серија.