Лампард се плаши за иднината на Кепа: Челси му носи замена на шпанскиот голман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кепа Аризабалага, голманот на Челси, апсолутно нема среќа сезонава, па прима голови од каде ќе стигне и поради тоа спортските аналитичари и навивачи жестоко го критикуваат и бараат од управата на англискиот гигант да му најдат замена.

Во последниот меч на Челси, Арсенал испрати два удари кон голот на Кепа и двапати постигна гол, по што навивачите дополнително збеснаа, а очигледно ниту тренерот Франк Лампард нема повеќе трпение за шпанскиот голман.

Шпанецот има уште пет месеци да си ја спаси кариерата во Челси, а лондонскиот гигант веќе почна да бара замена и изборот наводно пандла на Англичанец.

Станува збор за Ник Поуп, кој е прв голман на Барнли и би можел наскоро да го облече дресот на „сините“.