Американска тинејџерка ја елиминираше шампионката на Австралијан опен (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската тенисерка Кори Гауф успеа да ја елиминира шампионката на Австралијан опен, Наоми Осака со 2-0 во сетови (6-3 и 6-4), па така првиот гренслем турнир во сезоната ќе добие нова освојувачка.

Осака не игра добро во текот на мечот против Американката, која буквално ја декласираше нејзината поискусна ривалка, па првиот сет го доби со 6-3, додека во вториот беше подобра со 6-4 и така обезбеди пласман во следно коло.

Јапонката немаше решение за нападите на 15-годишната Американка, која и минатата година направи неколку сензации, а токму на таков начин ја почна и годинава.