Солскјер: Не може ништо да се поправи набрзина – за сè треба време!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер пред мечот од четвртото коло во ФА-купот меѓу Манчестер јунајтед и Транмере кажа дека клубот работи на ангажирање засилувања во текот на јануарскиот проден рок, како и дека сите во клубот треба да бидат силни.

Во средата Јунајтед доживеа уште едно големо разочарување, откако беше поразен од Барнли со 0-2 во Премиерлигата.

„Кога ќе почнеш со нешто, тогаш треба да се држиш до планот. Нема да менувам работи по шест, девет или десет месеци на работа и да почнам да верувам во друг план. Темелот е поставен. Екипата има фудбалери кои веруваат во тоа што го правиме. Сите мои разговори со клубот се позитивни. Ништо не може да се поправи набрзина, ни треба време…“, кажа Оле Гунар Солскјер.