Фотографии на Шумахер од болница биле продадени за огромно богатство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер заработи тешки повреди на главата на скијање во декември 2013 година, па во моментов се лекува во својот дом во Швајцарија.

Шумахер неодамна се разбуди од кома, меѓутоа барањето на неговото семејство е да имаат приватност и не сакаат да откријат повеќе детали за неговата состојба во јавност.

„Мирор“ објави дека непознато лице успеало да направи неколку фотографии во неговиот дом, па фотографиите ги продало на црниот пазар за сума од 1,17 милиони евра.

За здравствената состојба на легендарниот возач на Ферари се знае многу малку во моментов, но докторите се обидуваат да му помогнат.