Изненадување – Кил немоќен против Вецлар, Миркуловски 1 погодок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во единствениот натпревар денес од германската лига, ракометарите на Вецлар на домашен терен го совладаа Кил кој беше фаворит на овој натпревар со 27:24.

Ова беше најголемото изненадување во бундеслигата.

По првите 30 минути, Вецлар имаше голема предност од 5 погодоци, 15:10. Кил во второто полувреме се обиде да се врати, но неуспешно иако го доби со 12:14. Вецлар на крајот запиша победа од 27:24.

Липовина со 8 погодоци беше најефикасен во Вецлар, Колбахер додаде 5 погодоци со 100% ефикасност, а македонскиот ракометар, Филип Миркуловски постигна 1 погодок од 2 шута. Кај Кил, Вујин со 4 погодоци беше најефикасен.