Реал Мадрид го дозна противникот во шпанскиот Кралски Куп


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Останаа уште 16 тимови во борбата за трофејот во Кралскиот Куп, а главни фаворити се дефинитивно Реал Мадрид и Барселона, додека останатите екипи од „сенка“ ќе се обидат да направат некое изненадување.

Вчера големо изненадување направи третолигашот Леонеса со триумфот против Атлетико Мадрид, кој неочекувано испадна од натпреварувањето.

Парови од осминафинале на Купот:

Рајо Ваљекано – Виљареал
Мирандес – Севиља
Бадахоз – Гранада
Сарагоса – Реал Мадрид
Барселона – Леганес
Реал Сосиедад – Осасуна
Тенерифе – Атлетик Билбао
Леонеса – Валенсија

Натпреварите во шпанскиот Кралски Куп се играат на 28, 29 и 30 јануари.