Мане е повреден, Црвените нестрпливо ги очекуваат од резултатите од прегледот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул синоќа на Молино успеа да ја продолжи серијата на победи. Црвените со 1:2 го совладаа Вулверхемптон.

Сепак, навивачите на „Црвените“ се исплашија кога Садио Мане мораше да го напушти теренот во 33-та минута поради повреда. Потоа беше заменет со новодојдениот Минамино.

Мане се пожали на болки во нозете, иако сè уште не беше познато која е повредата.

Во Ливерпул се надеваат дека станува збор за само мала повреда.

“Вистинска штета е тоа што мораше да излезе Садио. Се надевам дека не е премногу лошо – само мало истегнување на мускулот, но ќе видиме утре”, рече Јурген Клоп.

Без оглед на одличната форма на целиот состав на Ливерпул, евентуалната посериозна повреда на Мане сигурно ќе биде голем удар за „црвените“.

Мане има одиграно 31 натпревар за Ливерпул во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 15 голови и додаде 11 асистенции.