Две изненадувачки имиња во опција за нападот на Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ќе се обиде до крајот на преодниот рок да донесе и еден напаѓач затоа што се кратки на таа позиција по повредата на Маркус Рашфорд.

Англичанецот ќе отсуствува најмалку три месеци, па „ѓаволите“ ќе се насочат кон краткорочно решение за оваа позиција.

„Скај Спортс“ пренесе дека Манчестер Јунајтед би можел да ги ангажира Одион Игало од Шангај, како и Ислам Слимани кој игра во Монако како позајмен од редовите на Лестер.

И Игало и Слимано имаат искуство со натпревари во Премиер лигата и би можеле да бидат од помош за норвешкиот стратег.