Хрватска слави голема победа во епското полуфинале против Норвешка: „Коцкестите“ први финалисти на Европското првенство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Хрватска е прв финалист на Европското ракометно првенство откако со 29:28 славеше против селекцијата на Норвешка.

Неверојатен натпревар следевме во „Теле2Арената“ во Стокхолм, а победникот беше познат по дури четири продолженија и вкупно 80 минути поминати на теренот.

Избраниците на Лино Червар ќе тргнат по првото европско злато, додека пак Норвешка ќе оди по првата бронза во Европските натпревари.

Што се однесува до натпреварот, Хрватска речиси цел натпревар беше во блага предност, но во финишот Норвешка го стигна резултатот и на моменти имаше и водство.