На Ребиќ му тргна: Повторно постигна гол за победа на Милан (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Милан врза неколку победи во Серија А кои го кренаа тимот до шестата позиција на табелата.

По катастрофалниот старт на сезоната сега избраниците на Пиоли како да фатија залет па сега славеше победа и против Бреша, трета по ред во Серија А.

„Росонерите“ славеа минимално со 1:0,а  единствениот погодок го постигна Анте Ребиќ кој влезе во голгетерска серија и ова е втор натпревар по ред каде ја тресе противничката мрежа.