Откриено колку ќе заработува: Ериксен ќе биде еден од најплатените фудбалери на Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ќе го напушти Тотенхем и ќе се пресели во Интер. Италијанските медиуми синоќа објавија дека Данецот се договорил со Интер, па во следните денови ќе стави и потпис на соработката.

Тотенхем реши да го продаде Ериксен за да може нешто да заработи на него бидејќи фудбалерот имаше договор со лондонската екипа до крајот на сезоната.

„Скај Спортс“ објави дека Ериксен со Интер ќе потпишедоговор до 2024 година, па ќе биде еден од најплатените фудбалери во тимот затоа што ќе заработува 260.000 фунти, односно со бонуси би можел да добие до 320.000 фунти неделно.

Тотенхем од продажбата би можел да заработи околу 20 милиони евра, а овој 27-годишен фудбалер во кариерата има настапувано и за Ајакс.