Официјално: Дани Олмо се пресели во Бундеслига (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бисерот на Динамо Загреб, Дани Олмо официјално се пресели во германски Лајпциг за сума од 18 милиони евра плус бонуси, со кои сумата би можела да се зголеми за дополнителни 10 милиони.

Динамо со трансферот на Олмо ги урна сите претходни рекорди во историјата, па така Шпанецот стана нивни најскапо продаден фудбалер.

Хрватскиот гигант има сигурна заработка од18 милиони евра, плус два милиони ќе добие за пласман на Лајпциг во Лигата на шампиони, а ќе добие и дел од следниот негов трансфер.

Лајпциг победи неколку гиганти во борбата за шпанскиот фудбалер меѓу кои беше и Барселона, а Олмо за Динамо Загреб во кариерата одигра 124 меча и постигна 34 голови.