Сари со уште еден удар до Наполи: Кога им е најтешко, тој планира да им земе двајца фудбалери!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари беше критикуван од италијанските медиуми, меѓу кои и од „Газета дело Спорт“, која пишува дека тој е лицемер затоа што го критикувал актуелниот шампион, сојузот, судиите и системот додека бил предводник на Наполи, но откако се преселил во Торино, тој престанал да зборува за тоа.

Сепак, Сари планира уште еден болен удар за неговиот поранешен клуб, односно Италијанецот сака да им земе двајца фудбалери.

Предводникот на „Старата дама“ го посакува Алан, кој е на продажба по бунтот и навредите на синот на газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Исто така, Сари го посакува и албанскиот фудбалер Хисај, кој го тренираше претходно во Наполи, па би сакал сега да соработува со него и во Јувентус.