Навивачите може слободно да протестираат, управата ќе прави радикални промени во Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пишува дека Манчестер јунајтед планира да направи голема операција со скаути на проелт и дека Оле Гунар Солскјер ќе има уште еден преоден рок да го прочисти тимот и да ангажира млади фудбалери.

Во ангажирањето на Бруно Фернандеш се вклучи и агентот Мендеш, па останува да видиме дали тој ќе успее да ја спушти цената и дали капитенот на Спортинг Лисабон ќе стигне на „Олд Трафорд“.

Што се однесува до нападот, постои опција за позајмица додека не се врати Маркус Рашфорд, а Јунајтед планира да го позајми Криштоф Пјонтек од Милан.

Планот на клубот е да се испратат скаути кои ќе направат список на кој ќе се наоѓаат помлади и талентирани фудбалери со кои тимот ќе може да биде конкурентен за титулата во следните неколку години, а за такво нешто „ѓаволите“ се подготвени да потрошат многу пари.