Хрватска остана без еден од најдобрите ракометари за финалето на ЕП?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватска од 16.30 часот го игра финалето на Европското првенство против Шпанија и ќе го брка златниот медал. Шпанците се фаворити, но Хрватите покажаа дека знаат како се победува и против фаворитите.

Но, тоа што ги загрижи сите во Хрватска, а посебно селекторот Лино Червар е тоа дека Лука Циндриќ би можел да го пропушти финалето.

Хрватските репрезентативци имале тренинг на кој не бил Циндриќ, еден од најдобрите ракометари на Хрватска, кој го пропушти цело второ полувреме против Норвежаните.

Хрватските медиуми објавија дека докторите се обидуваат да го подготват за мечот, но неговиот настап засега не е сигурен. Тоа ќе биде навистина голем хендикеп за Хрватска, зашто ќе бидат ослабени во напад.