Јаховиќ почна да тресе мрежи уште на дебито за Анталијаспор (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ пред неколку дена пристигна во Анталијаспор, а денеска го имаше своето деби во кое постигна и гол во триумфот од 3-0.

Анталијаспор славеше со 3-0 против Денизлиспор, а Јаховиќ го отвори резултатот, па така му донесе важен триумф на неговиот тим.

Поранешниот македонски репрезентативец со денешниот гол стигна до бројката од 12 погодоци сезонава во турската Суперлига.

Да потсетиме, во првиот дел од сезоната Јаховиќ го носеше дресот на Малатијаспор.