Избран идеалниот тим на ЕП: Домагој Дувњак е МВП! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ЕХФ на официјалната страна објави дека Домагој Дувњак е најдобар ракометар на турнирот, кој денеска завршува со финалниот меч од 16.30 часот меѓу Хрватска и Шпанија.

ЕХФ објави дека Дувњак е МВП, а притоа европската ракометна федерација имаше и објаснување за изборот.

„Хрватскиот капитен ја влечеше екипата до првото финале на ЕП од 2010 годна. Одигра неколку херојски натпревари на турнирот. Тој е заслужен за влезот на Хрватска во финалето, откако во полуфиналето против Норвешка постигна осум голови“, објави ЕХФ.

Дувњак е во идеалниот тим на турнирот, заедно со Игор Карачиќ, додека во екипата се уште и Хендрик Пекелер, Хорхе Макета, Сандер Сагосен, Бенс Банхиди, Блаж Јанц, Магнус Јендал и Варгас.