Федерер преку Фучович се пласираше во 15. четвртфинале на Австралијан опен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Роџер Федерер денеска имаше полесна работа за разлика од претходното коло на Австралијан опен, каде што одигра маратонски дуел против Џон Милман во пет сетови, но денеска Швајцарецот во четири сета го совлада Мартон Фучович.

Фучович го одби првиот сет со 6-4, а потоа следеше целосен пресврт на Швајцарецот. Прво го доби сетот со 6-1, па со 6-2 и на крајот триумфираше со 6-2.

Федерер не му даде многу простор на неговиот противник, па ги контролираше без поголеми проблеми случувањата на теренот.

Во четвртфинале Федерер ќе игра против Тени Сандгрен, кој во четири сета го победи Фабио Фоњини, а ова воедно ќе му биде 15. четвртфинале на Швајцарецот во Мелбурн.