Манчестер сити прв стигна до 100 голови во сезона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити е првата екипа во топ-5 лигите да стигне до 100 голови во сите натпреварувања сезонава.

Иако веќе е јасно дека Сити тешко ќе ја одбрани титулата во Премиерлигата, сепак „граѓаните“ може да се пофалат со 100 постигнати голови.

Со денешните голови против Фулам во ФА-купот, избраниците на Пеп Гвардиола станаа прв тим кој стигнал до повеќе од 100 голови сезонава.

Интересно е тоа што ова е седма сезона по ред во која Сити постигнува најмалку 100 голови, па така постави сопствен рекорд.

Претходно Манчестер сити под водство на Сер Алекс Фергусон имаше серија од девет сезони со повеќе од 100 голови.