Драма во финалето на ЕП: Хрватска немоќна во финишот, Шпанија го освои златото!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанската ракометна репрезентација ја одбрани титулата на Европското првенство (ЕП), откако во финалето славеше против Хрватска со 22-20.

Финалето почна со два воведни голови на Хрватска, по што следеше период каде што се играше гол за гол, по што „коцкестите“ во 19. минута поведоа со 10-7.

Сепак, Хрватите потоа не можеа да постигнат 11 минути погодок, додека Шпанците постојано ја тресеа нивната мрежа и стигнаа до пресврт (12-11).

Во 36. минута Шпанија имаше водство од 16-12, по што Хрватите успеаа да се вратат во мечот и во 54. минута преку Степанчиќ стрелаа за 19-18.

Сепак, во последните минути Шпанците имаа повеќе нерви и ги искористија своите шанси, па триумфираа со конечни 22-20.