Нови вести: Коби Брајант патувал заедно со уште осум патници!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Цел свет не може да верува во информациите дека Коби Брајант почина во хеликоптерска несреќа, а најновите информации се дека во леталото имало повеќе луѓе од што се очекуваше.

Најпрво се сметаше дека во хеликоптерот имало пет лица, но дополнителната истрага покажала дека во леталото имало девет лица.

Полицијата на прес-конференцијата потвди дека починале сите патници во хеликоптерот и успеаа официјално да потврдат дека меѓу нив се Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи, додека идентитетите на останатите уште не се познати.

Засега не е познато поради што се случила трагедијата, а полицијата во моментов работи на решавање на мистеријата за падот на хеликоптерот.