Шекил О’Нил се прости од Коби: Лошо ми е, те сакам брате… (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарното дуо на почетокот на овој век доминираше во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, но пријателството го прекина страшната несреќа во која животот го загуби Коби Брајант.

Шекил O’Нил не можеше да се соочи со суровата вистина и со огромната загуба на неговиот пријател, како и ќерката на Коби, Џиана Марија – Џиџи.

„Не постојат зборови со кои можам да ја опишам болката низ која што минувам во овој момент поради загубата на мојата внука Џиџи и мојот брат. Загубив пријател, брат, партнер во освојување на титули. Те сакам брате и ми недостигаш. Сочуство до семејството Брајант“, напиша О’Нил.