Нови детали од трагичниот пад на хеликоптерот: Брајант како да тргна во смртта


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот кошаркар Коби Брајант настрада во хеликоптерската несреќа која се случи во близина на Лос Анџелес.

Тој како да тргна во смрт. Поради лошите временски услови локалната полиција ги спуштила сите свои хеликоптери, додека Коби на сопствена одговорност одлучи да патува.

На крај трагичен епилог. Смртно настрадаа сите девет патници. Покрај Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана, животите во калифорниските планини ги изгубија уште седум луѓе.

Започна и истрага за причината на несреќата. Самата истрага може да трае и до година дена.

Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес, Џош Рубенстеин изјави дека поради голема магла и слаба видливост одлучено било да не се лета.

„Временските услови не ба во склад со минималните стандарди за летање.На таква магла не можевме да летаме“, изјави тој.

Инаку, минималната видливост за летање според полицијата во Лос Анџелес треба да биде 2.3 километри.