Синоќа НБА се играше, играчите одработија затоа што мораа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракоиводството на НБА лигата не дозволи одложување на натпреварите , играчи ја завршија работата затоа што мораа.


Управата на НБА-лигата решија да не ги одложува синоќешните натпревари и покрај смртта на Коби Брајант.

Натпреварите беа некако одиграни. Играчите ја завршија својата работа затоа што мораа. Многумина беа тажни, некои играа во солзи потресени од заминувањето на нивниот херој.

Емоционално беше во Медисон Сквер Гарден каде игаа Њујорк Никс и Бруклин Нетс. потресен од загинувањето на неговиот ментор, Кајри Ирвинг воопшто не настапи за гостите.

На полувремето немаше забавна програма како и обично, а играчите дозволија во чест на Брајант да истече нападот од 24 секунди. Во исто време публиката извикуваше „Ко-би“, „Ко-би“ …

Победата на крајот ја добија Никс 110: 97. Домашната екипа ја предводеше Џулиус Рендл со 22 поени.

На најтажната вечер во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот, таа беше повеќе или помалку иста на сите паркети. Сите се обидоа да му оддадат почит на најдобриот кошаркар на милениумот.

Резултати:

Њујорк – Бруклин 110: 97
Орландо – ЛА Клиперс 97: 112
Њу Орлеанс – Бостон 123: 108
Атланта – Вашингтон 152: 133
Сан Антонио – Торонто 106: 110
Денвер – Хјустон 117: 110
Портланд – Индијана 139: 129