Пилотот на хеликоптерот на Коби направил катастрофална грешка? (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот кошаркар Коби Брајант почина вчера во страшна хеликоптерска несреќа, која се случи во Калифорнија, а животот го загубија дури девет лица, меѓу кои беше и ќерката на „Црната мамба“, 13-годишната Џина Марија.

Полицијата во моментов работи на случајот и ја истражува причината за несреќата, иако се сомневаат дека густата магла е проблемот поради кој се урнал хеликоптерот.

Хеликоптерот добил предупредување од контролната кула за лошото време, но и покрај тоа решил да полета и се обидел да стигне до академијата на Коби.

Пилотот проблемите со магла ги пријавил кога полетал, па добил предупредување од контролната кула дека лета премногу ниско, по што му препорачале да ја зголеми брзината за да ја избегне планината, но тој го направил спротивното.

Пилотот ја зголемил висината, зашто најверојатно доцна ја забележал планината пред себе, па не успеал да ја избегне големата трагедија.