Девет луѓе го загубија животот: Идентификувани се сите од хеликоптерот на Коби (ФОТО)

Светските медиуми пишуваат дека се откриени сите патници на хеликоптерот, кој се урна вчера и во него животот го загубија Коби Брајант, неговата ќерка Џина Марија и уште седум лица.

Станува збор за пријатели и соработници на поранешниот кошаркар, со кои Брајант патувал кон својата академија.

Хеликоптерот удрил во планина во Калабас затоа што летал премногу ниско, а пилотот поради густата магла не можел ништо да направи и поради тоа не реагирал навремено за да спречи трагедија.

Меѓу настраданите во хеликоптерската несреќа се Џон Алтобели, како и неговата сопруга Кери и ќерка Алиса, потоа Кристина Мозер, Сара Честер, ќерката Пејтон и пилотот Ара Зобајан.