Тотенхем блиску до ново засилување: Холандски ререзентативец е веќе во Лондон и чека да биде постигнат договор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на ПСВ и холандски репрезентативец, Стивен Бергвијн е трансфер цел на Тотенхем и трансферот веројатно ќе се реализира во следниот преоден рок.

22 годишниот крилен фудбалер веќе се наоѓа во Лондон каде чека двата тима да се договорат за обесштетувањето и тој да почне со неопходните медицински прегледи.

Инаку Бергвијн оваа сезона игра одлично во дресот на ПСВ и веќе има пет погодоци и десет асистенции на вкупно 16 средби во холандската Ердивизија.

Тотенхем остана без Кристијан Ериксен кој денес е во Милано, а веројатно од клубот ќе си замине и Дени Роуз.