Милан прави изненадувачки трансфер и носи фудбалер на Виган


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од редовите на Милан се сериозно заинтересирани за ангажман на фудбалерот на англискиот второлигаш, Антони Робинсон.

Како што пренесува „Скај Спортс“ двата клуба се во напредни преговори за 22 годишниот фудбалер кој пристигна во Виган ова лето за само два милиони фунти од редовите на Евертон.

За да се комплетира трансферот, Милан треба да почека на продажба на Рикардо Родригез кој веројатно ќе се врати во Бундеслигата од каде има интерес од Баер Леверкузен.

Инаку, Милан за Робинсон ќе треба да издвои најмалку десет милиони фунти.