Хеликоптерот што го користел Коби Брајант немал црна кутија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, загина во неделата во грозна хеликоптерска несреќа.

Хеликоптерот се сруши во близина на Лос Анџелес, а осум други луѓе загинаа покрај Брајант. Меѓу жртвите беше и неговата 13-годишна ќерка Џана.

Започна официјалната истрага за несреќата, иако сето тоа укажува дека главната причина за трагедијата била густата магла, но и вина на пилотот, кој поради лошиот преглед не видел дека свртил кон ридскиот дел.

Хеликоптерот започнал да се крева откако бил предупреден од контролната кула, но при свртување тие ја изгубиле височина, а веднаш потоа удриле во планината.

Американските медиуми објавија дека истрагата ќе биде тешка бидејќи хеликоптерот немал црна кутија. Хеликоптерот С-76Б се користи ширум светот, а црната кутија не е обврзувачка. Исто така, има два мотори и може да лета ако едниот од нив затаи.

Полицијата и истражителите го обезбедија местото на несреќата бидејќи секој дел може да биде многу важен. Повеќе детали за трагедијата ќе бидат познати во наредните денови.