Кике Сетиен наиде на проблеми во соблекувалната на Барселона?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кике Сетиен пред две недели е избран за нов тренер на Барселона по отказот на Ернесто Валверде.

Валверде доби отказ по лошиот настап на Барселона во Суперкупот на Шпанија, а челниците на Барселона на крајот се одлучија за нов тренер да го изберат Кике Сетиен иако прв избор им бил Чави Ернандез.

За многумина беше изненадување што на Сетиен му беше дадена таква можност, но челниците на Барса рекоа дека веруваат дека тоа е најдоброто решение. Но, работите не се одвиваат добро за Сетиен, особено откако Барселона беше поразена од Валенсија (2-0) изминатиот викенд.

Каталонските медиуми пишуваат дека ситуацијата во тимот не е многу добра, и дека на многу играчи не им се допаѓа што Сетиен направи многу промени. Тие имаат далеку помалку слободни денови и не треба да пропуштаат тренинзи дури и во случај на спонзорски обврски.

Фудбалерите не се многу воодушевени за ставот на Сетиен, кој јасно сака да докаже дека е подготвен за таков предизвик. Каталонски спорт пишува дека фудбалерите имаат најмногу проблеми со тоа што не можат да разберат што бара Сетиен од нив.

Некои од играчите признаа дека нивните нови улоги во тимот не им биле многу јасни и дека Сетиен не можел да ги претстави своите идеи на најдобар можен начин. Колку трпеливост ќе имаат лидерите на Барселона со него, останува да се види.