Хатем Бен Арфа по пола година најде нов клуб


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Хатем Бен Арфа конечно најде нов клуб по шест месеци.

Бен Арфа го напушти Рен на крајот на минатата сезона, но не успеа да најде нов ангажман. Поранешниот играч на ПСЖ е без клуб шест месеци и конечно успеа да најде нов клуб.

Имено, овој 32-годишен офанзивен играч ќе ја продолжи кариерата во шпанската Ла Лига на составот на Ваљадолид. Бен Арфа потпиша договор со клубот до крајот на оваа сезона.

Тој денес беше официјално промовиран како ново засилување на Ваљадолид во друштво на претседателот на овој легендарен клуб Роналдо.