Во чест на Коби Брајант: Ериксен ги воодушеви сите со изборот на број во Интер (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер денеска официјално го потврди трансферот на Кристијан Ериксен, кој е најновото засилување за екипата на Антонио Конте.

Ериксен стигна на „Џузепе Меаца“ од Тотенхем за 20 милиони евра, па потпиша договор до 2024 година, а веднаш е во центар на внимание поради изборот на број на дресот.

Данецот го задолжи дресот со број 24, а навивачите на Интер сметаат дека тоа го направил во чест на Коби Брајант, кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа.