Ништо од сензационалната „кражба“ на Барселона: Бруно Фернандеш утре доаѓа во Манчестер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако во последно се појавија информации дека Барселона ќе тргне по услугите на Бруно Фeрнандеш, сепак Манчестер Јунајтед веројатно ќе ја добие битката за овој играч.

„Ѓаволите“ ја зголемиле понудата за играчот два пати во последните 24 часа и понудата која ќе биде прифатена од Спортинг е во висина од 55 милиони евра плус серија на бонуси со кои трансферот може да се качи и на високи 80 милиони евра.

Познатиот новинар Фабрицио Романо пишува дека играчот утре ќе пристигне во Манчестер во присуство на неговиот агент доколку во следните часови биде постигнат финален договор меѓу Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон.