Барселона се откажа од Родриго и пронајде нов офанзивец во Ајакс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако се најавуваше дека Родриго од Валенсија ќе биде нов фудбалер на Барселона, сепак тоа нема да се случи.

Наводно Барселона се откажала од намерата да го ангажира Родриго и ги напуштила преговорите со Валенсија поради преголемите барања на „лилијаците“.

Од Барселона не чекаа многу па веднаш стапија во преговори со Ајакс за ангажман на нивниот фудбалер, Душан Тадиќ.

Џанлука Ди Марцио пренесува дека агентот на српскиот репрезентативец ќе пристигне во Шпанија во текот на утрешниот ден каде треба да го договри трансферот на играчот на „Камп Ноу“.