Французите шокирани по судиската одлука: Нејмар доби жолт картон поради дриблинг (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ го прегази Монпелје со 5:0 во 22-то коло на француски Лига 1 на домашен терен изминатиот викенд.

Парижаните лесно дојдоа до нова победа и со тоа ја продолжија својата доминација во домашното првенство. Сепак, овој меч го одбележа главниот судија Брисард кој му даде жолт картон на Нејмар во 38-та минута од натпреварот.

Бразилецот жестоко негодуваше на тоа и не беше јасно зошто заработи жолт картон. Тој се обиде да дознае од судијата, но Брисард одби да му каже.

Сепак, француските медиуми утрово објавија дека главниот судија во извештајот објаснил зошто го казнил Нејмар. Тој напишал дека го сторил тоа за дриблинг на Бразилецот затоа што сметал дека нема почит кон својот противник.

Ова во голема мерка ја шокираше француската јавност, а многумина рекоа дека судијата нема право на никому да му даде картон поради дриблингот што го прави фудбалот каков што е. Воопшто не му беше јасно на Нејмар зошто „пожолте“, а сигурно беше дека откако ќе ја открие вистинската причина ќе биде дополнително изнервиран.