Пеколно било во соблекувалната на ПСЖ: Тухел му држел лекции на Мбапе пред сите (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе беше во центар на внимание откако му се налути на тренерот Томас Тухел затоа што го замени на мечот против Монпелје.

Мбапе излезе од игра во 68. минута и тој реагираше многу бурно поради тоа. Тухел сакаше да го смири, но не му успеа, па нивната караница продолжила во соблекувалната.

По мечот во соблекувалната на парижаните било пеколно. Француските медиуми објавија дека Тухел бил бесен кога дошол во соблекувалната и потоа почнал да му држи лекции на младиот напаѓач.

Тухел му порачал дека на Мбапе дека не може така да се однесува кон него, како и дека нема право да биде незадоволен поради измената.

Тухел му одржал лекција на Мбапе и му порачал дека не смее така да се однесува кон него и треба да ја почитува одлуката.