Ван Перси им порачува на управата на Јунајтед: Донесете го Единсон Кавани


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси смета дека челниците на овој клуб треба да го доведат Единсон Кавани.

Тој твитна и одговори на прашањето кој напаѓач треба Манчестер Јунајтед да го донесе летово.

„Единсон Кавани, брилијантен играч и достапен. Гол машина“, напиша поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Арсенал, Феенорд, итн.

Кавани инаку беше поврзуван со преселба во Атлетико Мадрид оваа зима, но тоа не се случи.

Уругваецот не добива шанса да игра во Париз оваа сезона и бидејќи неговиот договор истекува во текот на летото е јасно дека тој ќе го смени клубот.

Тој има забележано 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи пет гола со една асистенција.