Хамилтон со слика ги возбуди девојките, но испрати и порака до конкурентите! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фановите на Формула 1 со нетрпение чекаат да почне новата сезона во „најбрзиот циркус“ во светот, а веќе почна да се загрева атмосферата. Луис Хамилтон ја брани титулата, па мотивиран влегува во новата сезона.

Хамилтон веќе со месеци работи на својата физичка подготвеност затоа што во новата сезона сака да го урне од врвот Михаел Шумахер, а јасно е дека конкуренцијата ќе биде поголема од било кога, па тоа е дополнителна мотивација за возачот на Мерцедес.

Бритнаецот се огласи на Твитер и покажа дека се наоѓа во одлична форма, па со својот изглед ги возбуди женските фанови, па јасно испрати порака до ривалите.

„Минатата година кога стигнав на тестирања имав 78 кг, а сега имам 73 и уште треба да работам на мускулите, но сега сум на добар пат“, напиша Хамилтон.