Ѓорческа влезе во победничка серија и обезбеди полуфинале во Словачка


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфинале на турнирот во Трнава, Словачка, откако денеска ја победи Александра Каданцу од Романија со 6-3 и 6-2.

Ѓорческа одигра уште еден одличен меч на турнирот во Трнава, па во полуфинале ќе се пресмета против тенисерката од Русија, Влада Ковал.

Македонската тенисерка претходно успеа да слави против Морваиова со 2-1 во сетови, Јани со 2-0 во сетови, како и Хиндова со 2-0 во сетови.