Лилард тргна да се пресмета со судиите поради нивна грешка (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во минатата ноќ во НБА-лигата беа одиграни седум меча, а последниот од нив беше дуелот меѓу Јута џез и Портланд трејл блејзерс.

Иако на почетокот на третата четвртина Портланд имаше +16, сепак домаќините успеаа да направат пресврт и да слават со 117-114.

На 13,5 секунди пред крајот од регуларниот дел од мечот Дамиен Лилард тргна да постигне поени, а со таа акција би донел израмнување за Портланд на 116-116.

Неговиот обид го изблокира Гоберт, но сите во гостинскиот тим беа сигурни дека поените треба да бидат признаени, а откако тоа не се случи, Лилард збесна и тргна да се тепа со судиите.