Ист кош, исто забивање, но 19 години подоцна: Џејмс копираше потег на Коби (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс вчера беа поразени на свој паркет од Хјустон Рокетс со 111-121.

Лејкерс не успеаа да запишат нова победа пред своите навивачи, но засега се лидер во Западната конференција, но навивачите на Лејкерс со насмевка го напуштија „Стејплс центарот“.

Мечот повторно го одбележа Леброн Џејмс, кој имаше фантастично забивање. Џејмс направи исто забивање како Коби Брајант пред 19 години.

Истиот кош, исто забивање, иста сала и исти клуб. Потегот на Џејмс ги воодушеви навивачите на Лејкерс, но и американската јавност.